Операта „Набуко“ од Џузепе Верди ќе биде изведена вечер од 20 часот во Националната опера и балет. Ќе диригира Мирон Михаилидис од Грција, а режисер е Ренато Бонајуто од Италија.
Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, а во другите улоги настапуваат Злата Тошевска Димовска, Николина Јаневска, Ѓорѓи Цуцковски и Александар Стефаноски. Во изведбата ќе учествуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.