Оркестарот на Македонската филхармонија в петок со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот „Музика. Сега!“, на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Гордон од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со роза“ оп. 59 од Рихард Штраус.