Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МНТ го отвора Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ

МНТ го отвора Меѓународниот фестивал на актерот во Никшиќ

Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора, со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат.

Во претставата играат Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Со ова гостување, МНТ ќе ја отвори фестивалската програма под слоганот „Да играме со срце“, што ќе трае до 10 ноември. По изведбата ќе се одржи разговор со актерската екипа, со можност за средба и размена на впечатоци со публиката и новинарите.

Учеството на фестивалот претставува значајна можност за меѓународна промоција на Македонскиот народен театар и македонската актерска уметност.

Мени за пристапност