Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Карпош

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков,  оствари работна средба со градоначалникот на Општина Карпош

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на која се разговараше за состојбите во културата, културното наследство и за проектот „Скопје- Европска престолнина на културата“.

 Градоначалникот Лукровски  информираше за претстојните проекти и културно-забавни настани кои ќе бидат дел од програмските активности на Општина Карпош во наредната година, со посебен фокус на поддршка на културните работници и младите креативци.

Се разговараше и за продлабочување на соработката меѓу институциите, бидејќи овој проект е вистинска можност за темелна трансформација на Скопје преку развој на културната инфраструктура, зајакнување на заедништвото, поддршка на иновациите и промоција на европските вредности. Затоа е исклучително важно во неговата реализација активно да бидат вклучени сите релевантни чинители.

Карпош има огромен потенцијал за културен развој со значајните локалитети како Хавзипашините конаци, Скопскиот Аквадукт, археолошкиот локалитет Скупи и црквата „Св. Пантелејмон“ во Долно Нерези. Токму затоа разговаравме за бројни можности за идна соработка, заеднички активности, афирмација и заштита на културното наследство.

Со заедничката соработка меѓу Општина Карпош и Министерството за култура и туризам ќе се создадат услови за одржлив развој на културното наследство и иновативни културни проекти кои ќе ја позиционираат општината како значаен културен центар.

Мени за пристапност