Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово го заокружува јубилејниот циклус на гостувања во Драмскиот театар

„Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово го заокружува јубилејниот циклус на гостувања во Драмскиот театар

Со претставата „Чичко Кумплунг“ на Театарот од Куманово, утре, 18 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената „Ристо Стефановски“ ќе заврши серијата гостувања на националните театри организирани по повод 80-годишнината на Драмскиот театар – Скопје.

Претставата е во режија на Јани Бојаџи, според текст на Сашко Насев, а преку црна комедија и сатира ги обработува општествените и политичките состојби во Македонија, отворајќи прашања за транзицијата, семејните односи и општествените промени.

Во претставата играат: Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска-Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска-Величковски и други актери од кумановскиот театар.

Со ова гостување се заокружува програмата под мотото „Еден е Драмски!“, во чии рамки, во годината на големиот јубилеј, во Драмскиот театар гостуваа националните театри од земјава.

Мени за пристапност