По повод Меѓународниот ден на операта – 25 Октомври, Македонскиот центар на ITI/PRODUKCIJA ја објави македонската аудиопорака на оперскиот пејач, едукатор и ментор Горан Диновски, посветена на трајните вредности на оперската уметност, љубовта и културата.
Диновски ја истакнува операта како уметност што ги обединува различните уметнички изрази и ја пренесува универзалната приказна за љубовта, нагласувајќи ја важноста на врската меѓу уметниците и публиката.
„Операта не е создадена за да ни го привлече вниманието за миг, туку да го задржи низ времето, дизајнирана вечно да трае“, порачува Диновски, потсетувајќи на значењето на гласот, духовноста и културата како вредности што го поврзуваат човештвото.