Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Манчевски со главната награда на Филмскиот фестивал во Токио

Манчевски со главната награда на Филмскиот фестивал во Токио

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски ја освои главната награда „Токио гран при“ на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Ова е првпат македонски филм да добие главна награда на фестивал од А-категорија по успехот на „Пред дождот“ во Венеција во 1994 година.

Наградата ја подигнаа главните актери Сара Климоска и Филип Трајковиќ, заедно со продуцентот Јане Ќортошев. Жирито го пофали филмот за спојот на хуморот, трагедијата и драмата, како и за човечноста и сочувството кон ликовите.

Филмот е деветти долгометражен игран филм на Манчевски, снимен со меѓународна екипа на локации во Скопје и околината. Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски и Јордан Симонов, а продуцент е Јане Ќортошев

Мени за пристапност