Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонското трио „Ин медиас рес“ со концерт во Истанбул

Македонското трио „Ин медиас рес“ со концерт во Истанбул

Македонското камерно трио „Ин медиас рес“ (In Medias Res) на 4 ноември 2026 година ќе одржи концерт во катедралата „Сурп Левон“ во Кадикој, Истанбул, во рамките на програмата на Македонскиот културен центар во Истанбул.

Пред публиката ќе настапат Сања Шуплевска Боирал на виолина, Орце Ицковски на фагот и Јанинка Невчева на пијано. На програмата се дела од Гаетано Валери, Камиј Сен Санс, Елизабет Раум и современиот македонски композитор Александар Пејовски.

Концертот се реализира во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, под покровителство на Министерството за култура и туризам, со цел промоција на македонските музички уметници и продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Турција.

Мени за пристапност