Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот КИЦ во Загреб партнер на проектот „Фотографи – Арсовски“ кој влезе во најтесен избор за наградата на ИКОМ во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб партнер на проектот „Фотографи – Арсовски“ кој влезе во најтесен избор за наградата на ИКОМ во Хрватска

Меѓународниот музејско-истражувачки проект „Фотографи – Арсовски“, реализиран со соработка меѓу загрепскиот Музеј на уметности и занаети, македонскиот КИЦ во Загреб и Музејот на град Скопјe, се вброи меѓу трите најдобри меѓународни проекти за годишната награда на ИКОМ – Хрватска.

 

Како дел од програмата „Хрватски музеи 2025“, вчера во Хрватскиот природонаучен музеј беа презентирани тринаесет хрватски музејски проекти, кои влегоа во најтесниот избор за годишната награда на ИКОМ – Хрватска.

 

„Фотографи – Арсовски“ влезе меѓу првите три проекти во категоријата на меѓународни проекти за престижната награда на ИКОМ која се доделува секоја година, а пред присутната публика презентација за проектот имаше Ива Просоли.

 

Ова е исклучително значаен успех за македонскиот КИЦ во Загреб и потврда за нашата посветеност и континуирана поддршка за афирмација и промоција на македонските културни вредности преку проникнувањата и културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

 

Овој успех на проектот „Фотографи – Арсовски“ е силна потврда за капацитетот на македонската културна дипломатија да комуницира со меѓународната јавност и да биде дел од современиот дијалог за промоција на културните вредности, продлабочување на меѓународната соработка и културните врски меѓу двете земји.

 

Во годината кога загрепскиот Музеј за уметности и занаети ја одбележува 145-годишнината од постоењето, како резултат на иницијативата за заедничка соработка на директорот на загрепскиот Музеј за уметности и занаети, Сањин Михелиќ, и директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, беа реализирани две исклучително значајни изложби и промоција на монографија, кои наредната година ќе бидат претставени во Музејот на град Скопје и во Националната галерија на Македонија.    

Мени за пристапност