Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот џез-оркестар на големата сцена на „Guimarães Jazz“ во Португалија

Македонскиот џез-оркестар на големата сцена на „Guimarães Jazz“ во Португалија

Националниот џез-оркестар ќе настапи на завршната вечер на 35. издание на фестивалот „Guimarães Jazz“ во Португалија, еден од најзначајните џез-фестивали во Европа. Концертот ќе се одржи на 21 ноември во концертниот центар „Centro Cultural Vila Flor“ во Гимараеш, заедно со светски познатиот џез-вокалист Курт Елинг (Kurt Elling), под диригентство на маестро Џијан Емин.

 

Елинг, добитник на две награди „Греми“, има повеќедецениска меѓународна кариера и соработувал со голем број реномирани музичари и оркестри. Со овој настап, Националниот џез-оркестар продолжува да го претставува македонскиот џез на значајни европски сцени.

 

Мени за пристапност