Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонски авторки и нивните дела претставени во Тирана

Македонски авторки и нивните дела претставени во Тирана

Во Тирана од 12 до 14 ноември се одржа манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2026“, во организација на „Едука Мак“ од Скопје и Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, со поддршка од Министерството за култура и туризам.

Програмата опфати литературна вечер со претставување на десет македонски авторки и нивните дела, креативно-едукативни работилници за деца, донација на книги и средби со албански издавачки куќи. Во рамките на манифестацијата беа потпишани меморандуми за соработка со издавачите: Издавачка куќа „Дудај“ (Botime Dudaj) и „Дритеро Аголи“ (Dritëro Agolli), како и со Друштвото на Македонците во Тирана, со цел поттикнување на преводот, издавањето и промоцијата на македонската литература во Албанија.

Мени за пристапност