На 6 ноември 2026 година, во M.Y Gallery во Гуанџоу, Кина, ќе се одржи културниот настан „Обични и необични приказни“ на македонската ликовна уметница и графичка дизајнерка Христина Зафировска.
Настанот ќе опфати изложба на 22 оригинални илустрации, презентација на истоимената книга, чиј автор е македонскиот писател Ѓорѓи Крстевски, како и уметничко видео инспирирано од книжевното дело.
Преку спојот на литературата, илустрацијата и современите визуелни медиуми, проектот создава ново уметничко доживување и ја претставува македонската книжевна и визуелна култура пред кинеската публика.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам и претставува можност за меѓународна промоција на современото македонско уметничко творештво и културна размена.