Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската книжевност со промотивен настан на Саемот во Франкфурт

Македонската книжевност со промотивен настан на Саемот во Франкфурт
Во рамки на Саемот на книгата во Франкфурт, денеска на македонскиот национален штанд ќе се одржи промотивен настан посветен на современата македонска книжевност и можностите за нејзина поголема меѓународна афирмација. 
 
 
Пред меѓународната професионална публика ќе бидат претставени македонски автори и актуелни книжевни наслови, како и можностите за превод и објавување на македонски дела на странски јазици. Ќе биде презентиран и актуелниот конкурс на Министерството за култура и туризам за финансирање превод и објавување домашни дела. 
 
 
Саемот започна вчера и ќе трае до 11 октомври, а во текот на саемските денови македонските издавачи ќе остваруваат средби со странски издавачи, литературни агенти и преведувачи, со цел воспоставување нови партнерства и поголема меѓународна присутност на македонската литература. 

Мени за пристапност