Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонија со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки на „Филмските денови на Бејоглу“ во Истанбул

Македонија со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки на „Филмските денови на Бејоглу“ во Истанбул

Македонија ќе биде дел од програмата на „2. Филмски денови на Бејоглу“ (2. Beyoğlu Film Günleri) во Истанбул преку проекција на дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки – првите сниматели на Балканот.

 

Проекцијата ќе се одржи на 13 мај 2026 година, со почеток во 16 часот, во киното „Бејоглу“ (Beyoğlu Sineması) во Истанбул, во организација на Македонскиот културен центар во Истанбул и Кинотеката на Македонија.

 

Публиката ќе има можност да проследи автентични документарни снимки создадени во периодот од 1905 до 1918 година, кои претставуваат значајно визуелно сведоштво за животот, културата и историските настани од почетокот на XX век.

 

Настанот се реализира и во рамките на одбележувањето 50 години од основањето на Кинотеката на Македонија.

 

 

Мени за пристапност