На 16 декември 2025 г. од 19:00 часот, посетителите и пријателите на Македонскиот КИЦ во Софија ќе имаат можност да го проследат документарниот филм по повод 15 години „Македонска книжевна визита во Софија“.
Ќе биде претставен литературниот портрет на големиот македонски писател и издавач Бранко Цветкоски, а основниот дел од литературната вечер ќе биде посветен на промоцијата на македонското издание на книгата „ВООБРАЗБИ – лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски.
Презентери за творечките висини на македонскиот писател Бранко Цветковски ќе бидат: директорот на Македонскиот КИЦ во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, академик Иван Гранитски од Бугарската академија на науките и писателот и поранешен директор на Бугарскиот КИЦ во Скопје, Димитар Христов.