Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Лилјакот“ на Штраус на големата сцена на МОБ

„Лилјакот“ на Штраус на големата сцена на МОБ

Националната опера и балет  најавува две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус што ќе се одржат на 23 и на 26 декември 2025 година со почеток во 19:30 часот.

Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајнот е на Милчо Александров.

Во солистичката екипа на настапуваат: Васко Здравков, Јане Дунимаглоски (23.12.) /Благој Нацоски (26.12.), Биљана Јосифов, Нада Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Христијан Антовски, Марјан Николовски, Александра Лазаровска Василевски, Тихомир Јакимовски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на МОБ.

Мени за пристапност