На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 19:00 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски-Алпи.
Изложбата опфаќа 30 дела изработени на картон и алуминиумски лим, со мотиви инспирирани од крстови, пејзажи и кочанското поле.
Драган Верговски-Алпи е советник конзерватор и автор со богато творештво и долгогодишно искуство во заштита на културното наследство.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.