Во Културно-информативниот центар во Белград утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ од Ангел Коруновски. Серијата дела е инспирирана од невидливото-анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет.
Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, делата даваат визуелна форма на човечкото присуство кое постои под површината на модерната бучава.
Изложбата „Лица“ во декември беше отворена во „Мала станица“ во Скопје, а на почетокот на месецов во Ликовниот салон во Велес.