Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Куклената претстава „Лисицата во басните“ ќе настапува на фестивал во Црна Гора

Куклената претстава „Лисицата во басните“ ќе настапува на фестивал во Црна Гора
Со претставата за деца „Лисицата во басните“, националната установа Албански театар за деца и млади на 4 септември во 12:00 часот ќе се претстави  во Туз, Црна Гора.  Претставата е во режија и адаптација на Драган Довлев, мајстор на кукли е Кирил Василев а сценографијата е на Енес Деари. 
 
Во претставата настапуваат Мелика Кастрати, Деа Пајазити, Дениз Рустеми, Флакрон Алији и Илир Речи.
 
Учеството на фестивалот во Црна Гора се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и претставува  уште една можност за меѓународна промоција на творештвото на Албанскиот Театар за Деца и Млади – Скопје и за размена на искуства со куклените театри во регионот.

Мени за пристапност