Националниот џез-оркестар вечер во Националната опера и балет ќе одржи концерт со светски познатиот пијанист и органист Ренато Чико (Renato Chicco). На концертот, под диригентство на Џијан Емин, ќе биде изведена програмата од албумот на Чико „First Encounter – Organ & Big Band“ – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.
Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на Лионел Хемптон и музички директор на „Џон Хендрикс енд компани“, Чико работел во самото јадро на американската биг бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови, како „Блу ноут“ и „Брдленд“.
Специјален гостин на вечерта е Енди Ватсон (Њујорк) – тапанар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли како „Вангјард џез оркестра“ и „Тошико Акијоши биг бенд“. Неговиот препознатлив стил претставува клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.