Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на Националниот џез-оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

Концерт на Националниот џез-оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

Во Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез-оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на жанрот џез-фјужн и добитници на две награди „Греми“.  

Диригент на концертот ќе биде Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез-музичари. На сцената во Скопје ќе настапат и Расел Феранте, Дејн Алдерсон и Вил Кенеди, во актуелната поставa на групата.

Мени за пристапност