По повод 34 години од прогласувањето на независноста на Република Македонија и 20 години од формирањето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, беше одржан свечен настан со концерт на реномираниот гудачки квартет „Стрингендо“ од Скопје.
На настанот пред многубројната публика квартетот составен од четири извонредни уметнички – Љупка Каевиќ, Наташа Лазаревска, Олгица Шундиќ и Милена Тодороска-Мургоски беа изведени дела од Антонио Вивалди, Астор Пјацола, како и низа адаптации на традиционални македонски композиции – „Македонско девојче“, „Јовано, Јованке“, „Битола мој роден крај“, „Зајди, зајди“.
Настанот беше во организација на Македонската амбасада во Република Бугарија и Македонскиот културно-информативен центар во Софија.