Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на клавичембало „Музиката на европските дворови на XVII век“ во Прилеп

Концерт на клавичембало „Музиката на европските дворови на XVII век“ во Прилеп

На 7 мај 2026 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во организација на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, за првпат ќе се одржи концерт на клавичембало – редок инструмент во Македонија и еден од најзначајните инструменти на барокната епоха.

 

Концертот со наслов „Музиката на европските дворови на XVII век“ ќе го изведат Јована Топалов (Србија) – чембалистка со меѓународно образование и фокус на историски информирана изведба и сопранот Ана Митоска (Македонија).

 

Програмата опфаќа дела од Д. Скарлати, Ј. Ј. Фробергер, Е. Жаке де ла Гер и Х. Персел и ја претставува музиката на европските дворови од Англија, Австрија, Франција и од Шпанија. Концертот претставува редок културен настан и можност за доживување на барокниот звучен свет – чембало и глас – во живо, во автентична изведба.

 

 

Мени за пристапност