Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на дуетот Кети Петреска и Христина Никоска Тасеска во ЦК – Прилеп

Концерт на дуетот Кети Петреска и Христина Никоска Тасеска во ЦК – Прилеп

На 5.11.2025 г. (среда) со почеток во 19:00 ч. во фоајето на НУ ЦК Марко Цепенков  Прилеп ќе се претстави дуетот од две афирмирани изведувачки: Кети Петреска  хармоника и Христина Никоска Тасеска пијано.

Вечерта ќе биде посветена на музичка филмска литература, со внимателно избрани камерни автори и композитори од поновите епохи Маријанели, Хачатуријан, Галијано, Тирсен и други.

Иако двете изведувачки работат и како педагози и како солисти, ова не е прво концертно претставување на дуетот. Kако спој на класичните и вариете стиловите, настапуваат неколку години.

Мени за пристапност