Вечер во 19 часот, КИЦ во Белград ќе биде домаќин и организатор на концерт на музичкиот ансамбл „Македониум“ од Белград, со наслов „На срце ми лежи, мила мамо“. И самиот наслов асоцира дека на програмата ќе се најдат изворни и новосоздадени македонски песни, со кои ансамблот веќе над 10 години стекнува симпатии како меѓу публиката од македонската заедница во Србија, така и меѓу српската публика, каде и да настапува.
Концертот, што се организира во партнерство со Здружението на Македонците во Белград „Македониум“, ќе го отвори директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, а овој концерт е поддржан од Министерството за култура и туризам.
 
                                     
                                     
                                    