Во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“, вечер во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи камерниот концерт „Кларинет во придружба на гудачки квартет“.
Пред публиката ќе настапат Бранко Павловски на кларинет, Камелија Дукова Зефиќ на прва виолина, Бранислав Автовски на втора виолина, Виктор Манев на виола и Енис Аљи на виолончело.