Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јубилеен џез-спектакл во Скопје по повод Меѓународниот ден на џезот

Јубилеен џез-спектакл во Скопје по повод Меѓународниот ден на џезот

Фестивалот „Today It's All About Jazz — Vol. 10“, во организација на Националниот џез-оркестар, ќе се одржи на 30 април во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје, по повод Меѓународниот ден на џезот.

 

Публиката ќе има можност да ужива во настапи на домашни и на странски изведувачи, меѓу кои: „Пич вајс“ (Peach Vice), „Некст ту сајленс“ (Next to Silence), Арнау Гарофе (Arnau Garrofé), специјалниот проект „Jaco Lives!“ и легендарните Леб и сол.

 

Како дел од програмата, на 29 април во паркот „Фредерик Шопен“ ќе се одржи и едукативната работилница „Џез за деца“ (Jazz for Kids), наменета за деца и ученици. Во случај на лошо време, концертите на 30 април ќе се префрлат во салата на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.

Мени за пристапност