Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

КИЦ во Софија ја претставува изложбата „Ехо во мразот“ на уметникот Исмет Рамиќевиќ

КИЦ во Софија ја претставува изложбата „Ехо во мразот“ на уметникот Исмет Рамиќевиќ

Македонскиот културен центар во Софија ја најавува изложбата „Ехо во мразот“ од македонскиот ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ, што ќе биде отворена утре (29 април) во 18:30 часот.

 

Изложбата го обработува современиот глобален воено-политички контекст, преку симболичен пристап што ја нагласува антимилитаристичката порака на авторот и ги отсликува парадоксите на денешницата – војни, страдања и дезинформации. Рамиќевиќ се претставува со мултимедијален израз што комбинира скулптура, визуелна поезија, музика и перформанс.

 

На отворањето, авторот ќе изведе музички перформанс со окарина-стрела, со што ќе ѝ даде дополнителна звучна димензија на изложбата. Публиката ќе има можност активно да се вклучи и да стане дел од овој интерактивен уметнички настан.

Мени за пристапност