Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Извонреден концерт на Александар Војнески и Арда Мустафаоглу во Македонскиот КИЦ во Загреб

Извонреден концерт на Александар Војнески и Арда Мустафаоглу во Македонскиот КИЦ во Загреб

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа концерт на виолинистот Александар Војнески и пијанистот Арда Мустафаоглу, кои пред бројната публика приредија вечер исполнета со врвна музичка интерпретација и силна емоционална експресија.

 

Пред почетокот на концертот, присутните ги поздравија директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски. Во своите обраќања, тие ја истакнаа важноста на културната дипломатија и улогата на ваквите настани во промоцијата на македонската култура и уметност во странство.

 

Концертната програма понуди разновиден репертоар што ги поврза различните музички стилови и естетики во едно заокружено уметничко доживување. Преку одличната соработка меѓу виолината и пијаното, двајцата уметници создадоа впечатлива атмосфера исполнета со музичка длабочина и уметничка зрелост.

 

Со ваквите настани, македонскиот Културно-информативен центар во Загреб продолжува успешно да ја афирмира македонската култура и уметност и да придонесува за зајакнување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

Мени за пристапност