Изложбата „Кој кого жени?“ од замокот „Тракошчан“ од Република Хрватска ќе гостува во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Свеченото отворање е на 4 декември 2025 г. (четврток) во 13 часот, a тематски фокус на изложбата е придонесот и значењето што го имале благородничките во хрватското општество и во нивните семејства.
Македонската публика има можност да ја види оваа изложба до 11 јануари во галерискиот простор на првиот кат од Музејот.
Гостувањето е резултат на соработката меѓу институциите и е поттик за продлабочување на културните врски меѓу двете земји.