Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложбата „Боите на животот“ на Теута Х. Имери отворена во Тирана

Изложбата „Боите на животот“ на Теута Х. Имери отворена во Тирана

Во Македонскиот културен центар во Тирана, на 14 октомври, свечено беше отворена изложбата „Боите на животот“ на уметницата Теута Х. Имери.

 

Преку колоритни дела, исполнети со емоции, топлина и уметничка експресија, Имери ѝ овозможи на публиката да ја доживее убавината на животот низ боите и сликарството.

Настанот помина во пријатна атмосфера, со присуство на љубители на уметноста, кои имаа можност да го запознаат нејзиното творештво и да ги споделат своите впечатоци.

Македонскиот културен центар во Тирана изрази благодарност до уметницата и до сите присутни за нивниот придонес во реализацијата на оваа културна вечер.

Мени за пристапност