Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Афет Јашари во емисијата „Културен мозаик“ на Радио Скопје

Афет Јашари во емисијата „Културен мозаик“ на Радио Скопје
Афет Јашари, член на Кабинетот на министерот и државен советник во Министерството за култура и туризам, гостуваше во емисијата „Културен мозаик“ на Радио Скопје, каде што говореше за Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2027 година, како и за други прашања поврзани со развојот на културниот живот во земјава.
 
Во текот на разговорот, Јашари се осврна на значењето на годишните конкурси, можностите за поддршка на културните и уметничките проекти, како и на улогата на институциите и културните творци во збогатувањето на културната понуда.
 
Во емисијата беа претставени и процесите и приоритетите на Министерството за култура и туризам, со посебен акцент на поддршката на културните иницијативи, промоцијата на уметничкото творештво и зачувувањето на културното наследство.

Мени за пристапност