Во Чифте амам во Старата скопска чаршија, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска.
Поставката е конципирана како долг полиптих од триесет платна, поставени на бела позадина и продолжени во нишите на просторот.
Делата, инспирирани од водата и светлината, уметницата ги претвора во симбол на живот и духовност. На платната, обликувани во кружни и елипсоидни форми, боите треперат во суптилни тонови, создавајќи тивка, но моќна атмосфера што го повикува гледачот на дијалог со природата и сопствената внатрешност.