Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба за македонското куклено наследство во Музејот на Македонија

Изложба за македонското куклено наследство во Музејот на Македонија

Ретроспективната изложба „Тивки актери, гласни приказни“, посветена на македонското куклено наследство, ќе биде отворена на 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија.

Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“. Поставката го претставува развојот на македонското кукларство од неговите почетоци во 1946 година до современите сценски остварувања, истакнувајќи ја куклената уметност како значајна уметничка дисциплина.

Изложбата ќе може да се разгледа до 29 ноември.

Мени за пристапност