На 1 јуни 2026 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во галеријата на НУ ЦК „Ацо Шопов“ – Штип ќе биде отворена изложбата „Сјајот на ромската култура – културна изложба на носии и автентични елементи“, реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.
Во рамките на изложбата ќе бидат претставени традиционални ромски носии, накит, шамии, старински килими и други автентични предмети кои ги отсликуваат богатството и убавината на ромската културна традиција.
Настанот има цел промоција и зачувување на културното наследство, како и поттикнување интеркултурен дијалог и културна едукација.