Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба „Пурпурна имагинација“ на Сафет Спахиу во Чифте амам

Изложба „Пурпурна имагинација“ на Сафет Спахиу во Чифте амам

Вечер во 19:00 часот во Чифте амам при Националната галерија на Македонија ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“.

Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани.

Кустос на изложбата е Маја Крстевска, а ќе биде отворена до 24.11.2025 година.

Мени за пристапност