Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска е отворена изложбата „Вечито – Богдан Богдановиќ“, посветена на архитектот, уметник и автор на споменикот „Могила на непобедените“.
Изложбата, по повод 100 години од раѓањето на Богдановиќ, се реализира од ЦК „Марко Цепенков“, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп, Центарот ВАМ од Белград и Уметничката галерија од БИХ. Изложбата ќе ги претстави резултатите од најновите истражувања на спомениците на Богдан Богдановиќ во Македонија, заедно со богата ретроспективна поставка на целиот опус на авторот.
Во текот на минатата недела како предвесник на изложбата беа реализирани работилници за деца и млади кои на креативно-ликовен начин го запознаа уметничкиот свет на Богдановиќ, но и сопственото културно наследство на локалитетот „Могила на непобедените“. Работилниците се одржуваа под менторство на историчарката на уметност Аида Шарац-Бербиќ, музејски едукатор.
Изложбата ќе биде отворена до 25 октомври.