Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изложба на Жанета Вангели во КИЦ во Белград

Изложба на Жанета Вангели во КИЦ во Белград

Вечер во 19 часот во просториите на Македонскиот КИЦ во Белград, на Македонска 30,  ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ од познатата македонска ликовна уметница Жанета Вангели.

 

Овој ликовен концепт се остварува во соработка со Националната галерија на Македонија од Скопје, претставувана од Маја Крстевска, кураторка на изложбата, која заедно со директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, ќе ја отвори изложбата пред белградската публика.

 

Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред српската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудиоматеријали. Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам, а белградската публика ќе може да ја разгледа изложбата до 6 мај.

Мени за пристапност