Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дијалогот во културниот сектор повторно активиран

Дијалогот во културниот сектор повторно активиран

Денес во Министерство за култура и туризам се одржа средба со претставници на Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) и на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), на која беа направени првичните чекори за откочување на преговорите околу Колективниот договор во културата.

На средбата беше истакната заедничката подготвеност за продолжување на дијалогот и изнаоѓање прифатливи решенија во интерес на вработените во културниот сектор. Се очекува разговорите да продолжат и во наредниот период со поинтензивна динамика.

Мени за пристапност