На 3 ноември 2025 (понеделник) од 18:30 ч. во ликовната галерија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од 17-тата ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка од Министерството за култура и туризам.
На изложбата ќе бидат претставени дела од 16 уметници – учесници на колонијата од земјава, од Србија, од Хрватска и од Црна Гора (Звјездана Јембрих, Јуре Кокеза и Злата Томљеновиќ од Хрватска; професор Звонко Павличиќ од Црна Гора; Снежана Манасиќ од Србија; Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска).
 
                                     
                                     
                                    