Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Врвната светска пијанистка, Кристијана Пегораро, вечер ќе одржи концерт во рамките на Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

 

„Њујорк тајмс“ ја опишува Пегораро како „уметница од најголем калибар“. Таа настапува во најпрестижните концертни сали низ Европа, САД, Јужна Америка, Азија и Австралија, а има музицирано и пред голем број светски државници и високи претставници.

 

Нејзината богата дискографија опфаќа 34 носачи на звук, а за албумот со танго-музика од Астор Пјацола е добитничка на златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија. Добитничка е на над 50 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и престижната италијанска награда „Белисарио“.

 

Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се реализира со поддршка од Амбасадата на Италија во земјава.

 

 

 

 

Мени за пристапност