Во рамките на фестивалот „Илинденски денови“, Илинденскиот фестивалски карван вечер, 29 јули, од 21:00 часот ќе гостува во Прилеп, на платото пред НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Публиката ќе има можност да ужива во настапите на фолклорните ансамбли од Порторико и од Словачка, кои ќе се претстават со своите темпераментни танци, традиционална музика и автентични народни носии.
Настанот е во организација на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп и Општина Прилеп, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“.