Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Играниот филм „17“ на три континенти во април

Играниот филм „17“ на три континенти во април

Филмот „17“ во режија на Косара Митиќ, по премиерата на Берлинале, продолжува со фестивалскиот живот во април на три интернационални фестивали: на 8 април на 50. Интернационален филмски фестивал во Хонгконг и на 44. Интернационален филмски фестивал во Уругвај, а на 13 април на 39. Филмски фестивал во Болцано, Италија.

 

Фестивалот во Хонгконг, најстар меѓународен фестивал во Азија, го вклучи „17“ во главната натпреварувачка програма „Младо кино – светски филм“, чија цел е да ги охрабри младите автори.

 

Уругвајскиот фестивал, најважен во земјата, го селектира „17“ во програмата „Нови режисери“ за филмови со уметнички придонес. Фестивалот во Болцано се фокусира на интернационални филмови за малцинства и го избра „17“ во главната натпреварувачка програма, меѓу 12 филма со моќен уметнички профил.

 

Во филмот играат: Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Даме Јовески, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Жаклина Стефковска Дрнасин, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Сашко Коцев, Александра Пешевска и Симеон Дамевски.

 

„17“ е копродукција на „Црна Мачка продукција“ (Северна Македонија), „Арт&Попкорн“ (Србија) и „Децембер“ (Словенија). Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар, SEE Cinema Network и CineLink Work in Progress на 31. Сараевски филмски фестивал.

Мени за пристапност