Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Игор Џамбазов со наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедијата“

Игор Џамбазов со наградата „Васил Иљоски“ на „Денови на комедијата“

Актерот Игор Џамбазов е годинашен добитник на наградата „Васил Иљоски“ за високи достигнувања во театарската уметност од областа на комедијата. Признанието му беше врачено вчеравечер на свеченото отворање на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово.

Џамбазов истакна дека му претставува особена чест наградата да го носи името на Васил Иљоски, кој бил близок пријател со неговиот дедо, актерот Петре Прличко. Тој потсети и на своите актерски почетоци во делата на Иљоски.

Паричниот дел од наградата Џамбазов ќе го донира за лекување на девојче од Куманово кое боледува од церебрална парализа.

Фестивалот, кој ќе трае до 5 октомври, започна со премиерата на „Смрт на погребот“, а во натпреварувачката програма ќе бидат изведени десет претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија.

Мени за пристапност