Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Градот во мене“ – изложба на Александар Џинго во Прилеп

„Градот во мене“ – изложба на Александар Џинго во Прилеп

Во Ликовната галерија на НУ ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп на 25 септември ќе биде отворена изложбата „Градот во мене“ на академскиот уметник Александар Џинго. Изложбата, која е дел од годишната програма на Центарот за визуелни уметности, ќе биде отворена во 19 часот.

На изложбата ќе бидат претставени дела од најновиот циклус на Џинго, во кои се преплетуваат академскиот реализам и современата апстракција, со акцент на човечката фигура, емоциите и личното доживување.

Александар Џинго е роден во Прилеп во 1976 година, а магистрирал ликовна графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во своето творештво работи во повеќе области, меѓу кои: графика, сликарство, моден дизајн и костимографија.

Мени за пристапност