Со огромно задоволство и висок професионален ентузијазам ја споделуваме веста дека Работната група за изработка на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Северна Македонија за периодот 2027–2032 година официјално ја започна низата стратешки работилници на терен, кои ќе се реализираат во партнерство со Центрите на планските региони во државата.
Првата станица: Североисточниот плански регион! Денес, во конструктивна и продуктивна атмосфера, успешно се одржа првата регионална работилница, која ги опфати сите општини од Североисточниот регион. На едно место беа поканети и присутни сите релевантни чинители – од претставници на локалните самоуправи, туристичките работници, угостителите, занаетчиите, па сè до граѓанскиот сектор и експертската јавност.
Овие средби имаат за цел да извршат целосно мапирање, регрутирање и темелно истражување на сите засегнати страни кои активно дејствуваат во туристичкиот сектор. Преку директен дијалог ги детектираме реалните потреби, предизвици и автентични потенцијали на секој регион поединечно.
Овој инклузивен и партиципативен пристап е клучен за креирање на применлив, модерен и пазарно ориентиран стратешки документ.
Градењето на иднината на македонскиот туризам започнува од корените – од секоја општина, од секој туристички локалитет и од секој вреден чинител во оваа индустрија.
Благодарност до Североисточниот регион за одличниот почеток и конструктивната дебата!
Продолжуваме понатаму, регион по регион, до заедничка, европска туристичка визија!