Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, членовите на македонската делегација предводена од директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, и членовите на „Трио Гавровски“, на покана од уметничкиот директор на „Меѓународната смотра на фолклорот“, Твртко Зебец, присуствуваа на свеченото отворање на 59. „Меѓународна смотра на фолклорот“.
Оваа година во рамките на официјалната фестивалска програма, македонскиот КИЦ во Загреб учествува со свој проект посветен на одбележувањето на 10- годишниот јубилеј од впишувањето на „Гласоечко пеење“ на листата на УНЕСКО, на тема „Нематеријална култура и идентитети – македонски и хрватски елементи на листите на УНЕСКО“.
Во рамките на фестивалската програма на 59. „Меѓународна смотра на фолклорот“, од Македонија се претстави и фолклорната група „Копачка“ од с. Драмче, Делчево, уште едно македонско нематеријално добро впишано во УНЕСКО.