На 19 јуни 2026 година, во 18:30 часот, во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Фузија“ од Христијан Томан, реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Авторот ќе се претстави со триесетина дела – дигитални илустрации и цртежи во помал формат, преку кои ги спојува книжевните класици, традиционалната илустрација и графичкиот израз во современ визуелен контекст.
Христијан Томан е дипломиран графичар и графички дизајнер, активен во областа на визуелните уметности, илустрацијата и културната продукција.