Оваа година, Здружението за култура, уметност и млади „Арт генератор“, со делегирана надлежност од Општина Велес, а поддржано и од Министерството за култура и туризам, е организатор на четвртото издание на „Фестивалот на џез, ворлд и современа музика“. Програмата на Фестивалот ќе биде распоредена во 4 фестивалски денови, од 25 до 28 септември, и ќе се одвива во Театарот „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес, на паркингот пред Театарот и на Спомен-костурницата во Велес.