Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Џифони Македонија“ со 80 филмови и над 400 млади учесници

„Џифони Македонија“ со 80 филмови и над 400 млади учесници

Под мотото „Невозможните нешта“, од денеска до 29 септември во Скопје ќе се одржи 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“.

Годинава фестивалот ќе понуди повеќе од 80 долгометражни и краткометражни филмови, осум работилници и учество на над 400 млади, меѓу кои и околу 30 гости од Италија, Данска, Романија, Србија и од Косово.

Натпреварувачката програма ќе биде отворена со македонскиот филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума, а се предвидени и средби на младите со филмски автори. Новитет годинава е работилницата „ЕКО ЛАБ“, посветена на рециклирањето и креативната употреба на отпадот.

Мени за пристапност